Слукас тврди дека знае точно каде Богдановиќ ќе премине во НБА

708

Коашаркарот на Фенербахче, Костас Слукас, низ медиуми ја потврди веста дека неговиот соиграч Богдан Богдановиќ, кариерата ја продолжува во НБА лигата.

Сите прашуваат за Богдан, можеби ова е последен пат да сме соиграчи. За овие две години, тој и јас имавме фантастична соработка. Тој ми е добар пријател и има добра душа. Голем борец е кога се наоѓа на теренот, се надевам дека се ќе биде добро за неговата кариера. Можам да кажам дека 99% тој ќе биде дел од НБА лигата следната сезона, тој тоа го заслужи“, констатира Слукас.

Богдановиќ зад себе има фантастична сезона со турската екипа, во која ја освоија Евролигата, која им побегна минатата сезона кога беа поразени од ЦСКА. Екипата од НБА која во овој момент најмногу го посакува Богдановиќ е Сакраменто Кингс.