Словенците фаќаат залет пред ЕП, по втор пат ја совладаа Србија

413

Репрезентацијата на Словенија дојде до втората победа против Србија во рамките на подготовките за Европското првенство откако славеше со 33:25 на домашен терен.

Со цел да се зачува свежината во пресрет на големото натпреварување, двете репрезентации настапија со комбинирани состави, односно двајцата селектори им дадоа поголема шанса на играчите кои претходно имаа помала минутажа.

Во една таква ситуација подобро се снајде Србија, која по првото полувреме имаше предност од 15:13. Но, во второто полувреме следуваше многу поангажирана игра во одбраната на избраниците на Веселин Вујовиќ, што придонесе за голманот Кастелиц да забележи неколку успешни интервенции, со што Словенците направија пресврт и дојдоа до убедлива победа.

Маргуч беше најдобар стрелец во редовите на Словенија со четири гола, Медвед, Цингесар и Хенингман завршија со по три гола. Кај Србите најдобар беше Зеленовиќ со 6 гола, а четири додаде Обрадовиќ.