Словенија со јасна визија: Ние и Македонија домаќини на ЕП во 2022 или 2024 година

1600

Словенската ракометна федерација денеска потврди на својот официјален веб сајт дека во план им е да аплицираат за ЕП во ракомет, заедно со Македонија во 2022 или 2024 година.

Словенците се уверени дека заедно со Македонија, можат да ја добијат шансата да бидат домаќини на едно големо ракометно збиднување во иднина.

Засега се уште нема многу информации, но желби и амбиции постојат и во двете земји, па сигурно дека ќе сторат се што е во нивна моќ за да ги остварат амбициите.

Доколку се случи двете земји да добијат домаќинство на едно ЕП во ракомет, двете групи од натпреварувачите би играле во Македонија, додека другите две групи во Словенија, а нашите ракометари доколку добијат шанса да играат на домашен терен, сигурно ќе имаат фанатична поддршка од публиката.