Следните Зимски Олимписки Игри без химната на Русија!?

252

ИОК, Интернационалниот Олимписки Комитет веќе разгледува низа можности за санкции кон руските спортисти поради бројните допинг скандали.

Во предвид доаѓаат неколку видови санкции, но моментално како што пренесува престижниот „Њујорк Тајм“, се размислува да се забрани дефилето на спортистит од  Русија на свеченото отворање на ЗОИ во Пјеонгчанг во 2018 година. А исто така и да се забрани интонирањет на химната на Русија.

Одлуката за ова ќе биде донесен во текот на месец декември кога ќе се состане Извршниот одбор на ИОК. Во исто време од рускиот Олимписки сојуз порачуваат дека нема ниту да се натпреваруваат ако мора да настапат по неутрално знаме.