Слабите резултати го зедоа данокот: Ѓоковиќ веќе е во минус од 18 милиони долари

2632

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во досегашниот дел од оваа сезона на своето конто ставил 37,6 милиони долари.

Тоа е впечатлива сума, особено ако се знае дека не е помината ни половина од сезоната, а претстојат уште два Гренд-слема и завршниот Мастерс во Лондон. Сепак, Србинот има причина да биде незадоволен затоа што оваа заработка е за 18 милиони помала од ланската во истиот период кога тој веќе имал заработено 55,8 милиони долари.

Од тие пари, дури 12,2 милиони долари се од турнирите имајќи предвид дека Ѓоковиќ досега освои само една титула и тоа минорна, од Доха во првиот турнир во сезоната. Другите шест милиони се од спонзорите со кои, исто така, има договор за заработка во однос на титулите од турнирите.

Интересно е тоа што подобар од Ѓоковиќ во овој сегмент е Роџер Федерер иако Швајцарецот паузираќе од тениските терени дури три месеци. Федерер триумфираше на Австралија Опен и Мастерсите во Индијан Велс и Мајами и заработи 64 милиони долари. Од нив само шест се од тениските турнири, а дури 58 од спонзорите.