Уште еден играч си оди од Вардар: Марсениќ од лето заминува во Фуксе

552

Пикерот на Вардар, Мијаило Марсениќ од лето ќе биде нов играч на германскиот прволигаш Фуксе.

Српскиот репрезентативец потпиша договор на три сезони, но оваа ќе ја доигра во Вардар и потоа ќе се пресели во Бундеслигата.

„Тој е апсолутен победник и пикер каков што баравме долго време“, изјави тренерот на Фуксе, Боб Хенинг.

Марсениќ е втор ракометар на Вардар во последната недела кој потврди дека си заминува на крајот од сезоната. Пред него тоа го направи и голманот Арпад Штербик кој се враќа во Веспрем.