Ситуација од минатото: Шуми бил запрепастен од Валентино Роси

1577

Еден од најголемите и најуспешните мотоци во историјата на мото-спортот, Валентино Роси, размислуваше за трансфер во Ф1 и тоа беше јавна тајна.

Поранешниот инжињер на Ферари Луиџи Мацола се присети на реакциите кои ги имал Михаел Шумахер на перформансите на Валентино Роси, кој истакнал дека бил запрепастен од тоа како Роси се вклопува во Ф1 стратегијата.

Роси во периодот од 2005 и 2009 година, неколку пати тестираше со Ферари и со болидот на Михаел Шумахер и токму од таму доаѓаат импресиите на Германецот.

Не се сеќавам колку тестови одработивме со Ваелнтино во Ферари, но мислам дека имаше барем една недела тестови. На првиот тест Роси имаше многу одработени кругови, а на последната возеше со неверојатно брзо време“.

Се сеќавам дека Михаел Шумахер кој проучуваше телеметриски податоци, изгледаше доста изненадено од брзината на Роси. Скоро да не веруваше во остварените времиња на „докторот“, тврди Мацола.