Сите пари на светот за најдобриот: Кари добива астрономски добра понуда

3602

Новите шампиони во НБА лигата подготвуваат монструозно добар и богат договор за нивниот најдобар играч, или еден од најдобрите во лигата, Стеф Кари.

Голден Стејт сезонава на фасцинантен начин го доби Кливленд во големото финале со 4:1, и им врати за ланската сезона, кога Кливленд стана шампион.

Но до тој успех веројатно нема да можеа да дојдат без фантастичниот трансфер на Кевин Дурент од тимот на Оклахома Тандерс.

Голден Стејт сега по новиот успех во НБА лигата, е подготвен дебело да го плати останувањето на Кари во нивната екипа.

Се најавува астрономски договор вреден 205 милиони долари. Тоа значи дека Кари дури четири пати би добил поголема плата од сегашната, која сега за 4 сезони му изнесува 44 милиони долари.

„Ќе сториме се што е потребно да го задржиме Кари овде, знаеме дека му се останува и нему овде“, истакна еден од сопствениците на клубот, Џо Лакоб.