Синоќа паднал договорот: Барселона во јануари доведува засилување од 45 милиони евра

1617

Од Холандија пристигнуваат информации дека 18-годишниот дефанзивец на Ајакс Матијс де Лигт е пред потпис со Барселона во јануарскиот преоден рок.

Младиот талентиран дефанзивец, кој дебитираше во 2016. година и одигра 23 меча во сите натпреварувања минатата сезона, го продолжи договорот со најтрофејниот холандски клуб во текот на летото.

Сепак, „Зиго Спорт“ тврди дека Де Лигт е веќе на пат кон Барселона во трансфер вреден 45 милиони евра, а трансферот ќе се случи веќе во јануари.

Каталонците се во потрага по засилувања за дефанзивата, нешто на што инсистира тренерот Ернесто Валверде, според кој поважно во моментов е да се засили одбраната, отколку да се доведуваат играчи во нападот. Поради тоа, Барселона подолго време е во потрага по млад стопер, со оглед на тоа дека Маскерано на крајот од сезоната ќе ја напушти Каталонија, а на Вермален не сметаат сериозно. На крајот од сезоната во екипата ќе дојде Јери Мина, а од позајмица ќе се врати и младиот Марлон, но тоа не е доволно за тренерот Валверде, кој посакува уште еден млад стопер, па потоа меѓу нив ќе има конкуренција која ќе изнедри квалитет за првиот тим.