Се јави серкото од Сандерленд: Не се сеќавам на ништо, испив 12 пива

1784

Навивачот на Сандерленд кој е обвинет дека вршеше голема нужда на трибините од Стадионот на светлината, тврди дека бил “мртов” пијан и дека не се сеќава на ништо.

Калум Моусон има 17 години, а за англиските медиуми ја опиша својата верзија од чудниот настап со чуден коментар.

“Испив 12 пива, шест цидери и изедов две чоколатца. Знам само дека дојдов до своето место, а потоа се сеќавам дека седев во притвор на стадионот. Не можам да се сетам дали извршив голема нужда, но знам дека не го направив тоа”, се обиде нејасно да објасни.

Како последица на овој чин, Моусон е суспендиран од фирмата во која работи како практикант, а веројатно ќе добие и отказ. Можно е да ја загуби и сезонската влезница за натпреварите на Сандерленд.