Се јави и Касилјас со емотивна порака за Буфон: Не сакам да те гледам ваков…

1104

Откако Италија остана без пласман на СП, на голем удар на јавноста се најде речиси цела репрезентација, од стручен штаб, па се до фудбалери, но само еден човек не. А тоа е легендарниот голман Џиџи Буфон.

Од цел свет, како од фанови, така и од негови колеги, пристигнуваат емотивни пораки полни со поддршка за Буфон, а една од нив е и онаа на искусниот шпански голман, Икер Касилјас кој напиша:

„Не сакам да те гледам ваков. Јас како и другите те гледаме, како вистинска легенда. Горд сум што те познавам и горд сум што имав прилика многу пати да игравме еден против друг како ривали. Се уште може да ни биде убаво, да се гледаме на пријателски натпревари“, напиша Касилјас.