Се сменија времињата: Она што порано го правеше Реал, сега го прави Барса

1157

Барселона тотално заборави на својата фудбалска школа богата со големи таленти.

Делумно поради тоа, а делумно и затоа што се смени трансфер пазарот, каталонскиот клуб го собори рекордот на Реал Мадрид од сезоната 2009/10. Тогаш натрофејниот шпански клуб потроши 257 милиони евра на засилувања при што го оствари најголемиот трансфер дотогаш – Кристијано Роналдо за 94 милиони.

Оваа сезона Барса веќе ја надмина границата од 300 милиони и стигна до 312,5 милиони евра. Од нив, 120 отидоа за Кутињо, 105 за Дембеле, 40 за Паулињо, 30,5 за Семедо, 12 за Деулофеу и пет за Марлон. Оваа сума може да биде и зголемена со доаѓањето на Јери Мина.

Се разбира, ситуацијата не е иста како со онаа на Реал пред осум години. Прво, сега фудбалерите се многу поскапи од тогаш, а второ, Барселона потроши само 90 милиони евра свои пари затоа што другите 222 милиони се од продажбата на Нејмар.