Се радуваме, но Вардар сепак е најслаб во Лигата Европа

283

Денешниот ден (7 декември 2017 година) ќе остане запишан во историјата на македонскиот фудбал како ден кога првата наша екипа освои бод во групната фаза од Лигата Европа.

Се разбира, Вардар. Со ремито против Розенборг, “црвено-црните” го остварија сонот на илјадници навивачи на клубот во годината која е најуспешна и за клубот и за Спортското друштво Вардар воопшто. За жал, една работа ја мати радоста.

Тоа е фактот дека Вардар е најслаба екипа во групната фаза од Лигата Европа и тоа по два параметри: освоените бодови и примените голови.

Ниедна екипа не ја заврши групната фаза со само еден бод. Најблиску до Вардар е чешкиот Злин кој освои два. Што се однесува до одбраната, Вардар ја има убедливо најслабата. Нашиот тим прими 20 гола, најблиску се БАТЕ и Австрија Виена со по 16.

Но, добро, секое школо се учи. Вардар првпат настапуваше во групната фаза од Лигата Европа. Идната сезона ќе биде полесно.