Се промени управата, играчите и повторно нема резултати, МЗТ Скопје, реди ли реди порази

293

Што ли беше тоа победа, се прашува МЗТ Скопје, но и фановите на овој клуб, кога станува збор за АБА лигата. Клубот во меѓувреме ја промени управата, речиси безмалку целиот играчки ростер од стартот на сезоната, но промени нема. Единствен кој што ја почна сезоната е тренерот Ацо Тодоров.

Аеродромци вечерва се поразени од лидерот Будуќнос кој кон Подгорица си заминува со победа од 71-93.

Доминик Мавра со 14 поени беше најефикасен во редоивте на МЗТ Скопје, додека по поен помалку (13), дадоа  Лалиќ и Трајковски. Во таборот на Будуќност, прв поентер беше Ивановиќ со 14 поени.