Се подготвува нов спектакл: Мекгрегор со интересна понуда до Мејведер

1671

Конор Мекгрегор не се откажува од реванш дуел со Флојд Мејведер.

„Не сме се слушнале, победи и тоа е тоа. Но, знае дека би загубил во реваншот. Јасно, сега би исправил некои работи и би го победил, во тоа нема сомневање. Но, тешко дека ќе го ризикува својот скор од 50:0“, вели Мекгрегор.

Од друга страна, тој не жали што се испроба во боксерскиот ринг.

„Воопшто, добив огромна сума на пари, сега ќе го бранам појасот во ММА, но сигурно дека повторно ќе се борам во боксот, тоа ме привлекува. Како што реков, би сакал тоа да биде Мејведер, но одлуката е негова“, повтори Ирецот.

„Цело време зборуваше за реванш и ми го должи тоа. Рече дека дури и би влегол во октагонот за реваншот. Тогаш ќе му покажам за што всушност станува збор“, додаде Мекгрегор.

Сега одлуката е на Флојд Мејведер кој се повлече од рингот и стана промотер, но од оваа борба со Мекгрегор, поточно од реваншот, тој би заработил 350 милиони долари, а на Мејведер никогаш не му е доста од парите.