Се менуваат работите во Ф1: Мерцедес го прифаќа она за што не сакаа да слушнат претходно

1325

Полека но сигурно во Мерцедес го прифаќаат фактот дека тие веќе не се фактор на влијание во Ф1, и дека има уште еден тим како нив, па можеби и подобар на Ф1 патеките.

Тото Волф ја прифати ситуацијата таква каква што е, односно дека Ферари моментално „гази“ по патеките, но потенцираше дека таква улога помалку и му е симпатична.

Ми се допаѓа тоа искрено да ви кажам, улогата „underdog“, затоа што луѓето сега навиваат за нив (Ферари). Така е уште од почетокот на сезоната. Ние некако не успеавме да склопиме подобар болид. Ботас имаше одличен викенд во Сочи, но не и Луис, кој пак беше одличен во Барселона“.

Истото мислење го има и другиот тимски шеф на Мерцедес, Ники Лауда.

Ферари сеуште нема покажано ниту еден проблем, тоа е интересно, но и треба да им се честита на тоа“.

Ферари сезонава навистина делува моќно, а тоа го покажаа со доминацијата на пиедесталот во првите 5 трки.