СЕХА признание за Дибиров и Гонзалес

210

Вардар редовно има свои играчи во идеалните тимови на СЕХА лигата, овој пат во идеалната екипа се најде еден играч и тренерот Раул Гонзалес.

Најдобро лево крило на месецот според СЕХА лигата е Тимур Дибиров, кој на мечевите против Целје и Загреб доминираше на својата позиција, и веднаш пристигна признанието.

Предводникот на Вардар е избран за најдобар тренер на колото, но со право, бидејки тој со Вардар се уште не знае за пораз, во СЕХА имаат целосен ефект, од шест натпревари шест победи.

Во најдобрата екипа за месец октомври место има уште и за голманот на Горење, Ферлин, Буторац од Татран, Магдалиниќ од Загреб, Игрипуло од Мешков Брест, Митровиќ од Целје и Сипиќ како најдобар пикер од Нексе.