СЕХА: Нов пораз на Металург, овој пат со пристоен резултат

223

Металург вечерва се избори за сепак каков таков, пристоен пораз на гостувањето кај „Плинарите“ во Загреб со 30:28.

Момците на Александар Јовиќ беа блиску до резултатот и предноста на домаќинот, но не успејаа да направат нешто повеќе од ова.

Домаќинот не успеа премногу да се одлепи на натпреварот, Металург се држеше, но им недостасуваше онаа екстра нијанса за да дојдат до егал ситуација. На полувреме Загреб имаше предност од +2 (15:13), што ја задржаа и до крајот на натпреварот.

Јагањац беше најефикасен во редовите на Металург со 7 погодоци, исто толку и младиот Кузмановски, кај победниците Хорват постигна 8 голови.