Серијата немаше да биде интересна доколку не се случеше малиот „инцидент“ меѓу Дурент и Леброн (видео)

1670

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс, ноќеска останаа во живот, откако во 4. натпревар, го совладаа составот на Голден Стејт Вориорс.

Сега финалната серија е 3:1 во корист на Голден Стејт Вориорс, кои и минатата сезона имаа идентична серија, но на крајот успеаа да го прокоцкаат тоа водство.

Но натпреварот немаше да биде интересен, доколку не се случеше кошаркарска „експлозија“ помеѓу двајцата најдобри играчи на двете екипи, Леброн Џејмс и Кевин Дурент.

Тие двајца имаа вербален дуел за време на третиот дел, а на крајот се помина во пријателство.