Серена првпат проговори: При пораѓањето доживеав вистинска драма, можев да умрам

498

Најтрофејната тенисерка на денешницата и една од најдобрите во историјата на овој спорт, Серена Вилијамс преживеала вистинска драма при породувањето, откри за магазинот „Вогуе“ каде што се појави со нејзината ќеркичка Алексис на насловната страна.

Серена откри дека се лошо тргнало непосредно откако и бил извршен царски рез, а бебето било извадено од стомак.

„Се беше во ред, но потоа одеднаш се стана страшно. Ден по породувањето,приметив дека здивот ме е многу краток, па  на медицинскиот персонл реков дека се сомневам за згрутчувања на крвта во белите дробови со огле на тоа што престанав да ги пијам лековите против згрутчување на крвта пред пораѓањето. Ова се покажа како точно, па поради кашлањето, раната од царскиот рез ми се отвори, па стомачната празнина се исполнила со крв“, раскажуваа Серена и во продолжение вели:

„Лекарите потоа во вените ми ставија посебен филтет за да ги спречата деловите од згрутчена крв да дојдат до моите дробови, па бев присилена следните шест недели да ги минам во кревет“, го заврши своето сведоштво славната тенисерка.