Сепак погрешни беа првите проценки на Мурињо за брзо враќање на Погба

2258

Иако Жозе Мурињо беше умерен во своите проценки дека со Погба ќе биде се во ред, и дека тоа ќе бидат само две недели пауза, реалноста е нешто поразлична од првите проценки.

Според најновите информации, кои BBC ги пласираше доцна синоќа, главниот играч на Јунајтед од средината на теренот, се очекува да биде надвор од 4 до 6 недели, што во превод значи дека со сигурност го пропушта големото дерби со Ливерпул во 8. коло од Премиерлигата.

Освен Ливерпул, според проценките на повредата, тој ќе ги пропушти мечевите со Евертон, Саутемптон и Кристал Палас во Премиерлигата, против Бартон во Лига купот, и патувањето од ЛШ кога Јунајтед на 27 септември гостува кај ЦСКА во Москва.

Освен тоа, тој ќе биде отсутен и за мечот на Франција во квалификациите против Бугарија и Белорусија во раната фаза од октомври.

Но сепак, Јунајтед за среќа има квалитетна средина, која сигурно достојно ќе биде покриена, со Мајкл Керик, Андер Ерера, Немања Матиќ и „џокерот“ Маруан Фелаини.