Сепак, не го отпишувајте ПСЖ: Реал најмногу паѓал кога победувал со 3-1

935

Победа од 3-1 во прв натпревар од нокаут фаза најчесто е гаранција за пласман во следната фаза.

Но, не секогаш, а тоа најдобро го знае Реал Мадрид. Во својата историја, актуелниот европски шампион девет пати имал 3-1 по првиот натпревар, а натаму поминувал само во пет случаи. Една елиминација по ваков резултат има и од ПСЖ, но во Купот на УЕФА.

Се работи за сезоната 92/93 кога двете екипи се сретнаа во четвртфиналето од најмасовното натпреварување. Реал славеше на домашен терен со 3-1 со головите на Бутрагењо, Заморано и Мичел од пенал.

Во реваншот ПСЖ врати со 4-1 благодарение на погодоците на Веа, Жинока, Валдо и Комбуар.

Последен пат Реал на домашен терен славеше со 3-1 лани во истата фаза од Лигата на шампионите против Наполи. Во реваншот губеше со 0-1, но на крајот победи со истиот резултат.