Сепак, нема да ја добие довербата: Шут-карта за Ѓуровски од Звезда

993

Македонскиот стручњак Бошко Ѓуровски, сепак, нема да ја добие довербата од раководството на Црвена Звезда и наскоро официјално ќе добие отказ од тренерската функција.

Медиумите во Србија веќе почнаа да шпекулираат со имињата на можните наследници, а изборот најверојатно ќе падне до крајот на идната недела. Неофицијално, главен кандидат е Ненад Лалатовиќ, но тој во моментов е селектор на младата српска репрезентација со која ќе настапи на Европското првенство во Полска и по се изгледа нема да се врати во Звезда.

“Нема да брзаме, имаме неколку дена да поразговараме со сите, да ги изнесеме нашите замисли и услови, па да видиме со кого ќе се договориме. Важно е тоа да биде најдоброто решение за Звезда”, велат од клубот.

Покрај Лалатовиќ, во конкуренција за тренерската позиција се Милан Раставац, Владан Милојевиќ и Славиша Стојановиќ.

loading...