Сениорките ги добија противниците во квалификациите за ЕП

236

Сениорките ќе го започнат својот поход кон Европското првенство в ноември, против селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска.

Денес беше одржана ждрепката на кој беа поделени 32. земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство.

Првите два натпревари од евроквалификациите ќе бидат одиграни претстојниот ноември потоа следи пауза до февруари (втор прозорец) кога ќе се одиграат два натпревари, а финалните квалификациски натпревари ќе бидат одиграни во ноември 2018 година.

Првопласираните од групите се пласираат на првенството, како и шестте најдобри второпласирани.