Сензација од Англија: Дани Алвес пред трансфер во Премиер лигата

3832

Бразилскиот репрезентативец и досегашен член на Јувентус, Дани Алвес првпат во својата кариера ќе настапува во Премиер лигата.

Англиските медиуми утринава објавија дека тој е на чекор од трансфер во Манчестер Сити каде повторно ќе работи со човекот што пред девет години го донесе во Барселона – Пеп Гвардиола. Сити бара квалитетни бекови со оглед на тоа што Бакари Сања и Гаел Клиши најверојатно ќе си заминат летово, а изборот паднал токму на Алвес кој иако има 34 години, уште се наоѓа во врвна форма.

Според најавите, трансферот од Јувентус би чинел безмалку шест милиони евра, па торинскиот клуб дури и ќе заработи на него ако се знае дека лани бесплатно го донесе од Барселона.