Селтик, Салцбург, но и Партизан и Ријека: Познати сите можни противници на Вардар во ЛШ

1218

Повторно нималку лесна задача нема да има македонскиот првак Вардар во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Откако вчера заврши полското првенство, познати се сите екипи кои ќе учествуваат во квалификациите и кои можат да му бидат противници на Вардар. На списокот има многу познати имиња и екипи со кои Вардар се соочил досега во европските купови. Тука се Легија, БАТЕ Борисов и АПОЕЛ од кои Вардар доживеа елиминации. Од оние со највисок рејтинг, “црвено-црните” можат да се сретнат со Селтик или Салцбург, а на листата се и екипите од поранешна СФРЈ, Партизан, Марибор и Ријека.

На хартија, веројатно најдобро е Вардар да игра со шампионот на Исланд, Хафнарфјордур, но со оглед на искуството од претходните години, веројатно нашиот првак има што да каже оваа сезона во ЛШ.

Ждрепката за првото и второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе се одржи на 19 јуни, а натпреварите од второто коло, од кое почнува Вардар, се на програмата на 11 и 12 и 18 и 19 јули.