Селекторот на Србија им честиташе на „коцкестите“, па потенцира каде го загубиле натпреварот

935

Хрватска синоќа во сите сегменти од ракометната игра ја надигра соседна Србија и ја победи со убедливи 32:22, а на крајот Србија мораше да му честита на противникот.

Во Спаладиум Арена со таква расположена Хрватска и бучни фанови, Србија едноставно немаше шанси, а селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ, потенцираше дека тие успеале да парираат само првите 20 минути од натпреварот.

Им благодарам на моите момци за ангажманот во овој натпревар, се обидовме да парираме против расположените домаќините и во тоа успеавме првите 20 минути. Ова беше солидно после подготовките кои делумно беа одработени и по многуте повреди со кои играчите се соочуваа“.

Она што е најважно за нас, никако не смееме сега да одиме во негативност. Ова е сепак спорт. Се подготвувавме пред првенството на секаков резултат, но можеби резултатот на првиот меч е малку превисок од тоа што очекувавме. Не смееме да паднеме, одиме понатаму“, порачаа од таборот на Србија.