Селективна правда: Игуаин и „средниот прст“ без казна, но под истрага се Базел и Селтик

413

Аргентинскиот фудбалер Гонзало Игуаин, веројатно неказнето ќе мина поради грубиот и скандалозен гест кој го имаше против навивачите на Барселона.

Во првото коло од ЛШ, на гостувањето во Барселона, при излегување од игра во финишот од средбата (3:0), тој јасно им покажа среден прст на домашните навивачи, кои цел натпревар го исмеваа и деконцентрираа, па на крајот нервозата кај Игуаин резултираше со средниот прст.

Но надлежните органи и комисии за вакви случаи не реагираа, и тоа веројатно ќе остане неказнето. Некогашниот напаѓач на Реал уште во минатото имаше проблеми со фановите на Барса, но овој пат тоа еруптираше како вулкан.

УЕФА не покрена никаква иницијатива за казна на ваков скандалозен гест, но затоа под истрага се Селтик и Базел, поради влезот на своите навивачи на терен, и поради фрлање пиротехнички средства на гостувањето во Манчестер.