СЕКС СКАНДАЛ во Англија: Тренер призна дека силувал седуммина

936

Поранешниот англиски тренер Бери Бенеил кој во минатото работел во младинските категории на неколку англиски клуба, призна дека сексуално злоставувал седум дечиња на возраст од 11 до 14 години.

Шокантните информации од Англија тврдат дека Бенеил грозоморниот чин го сторил во период од 1988 до 1991 година во екипата на Кру. Тој во 1998 година беше осуден на 9 години затвтор откако призна вина за 23 обвиненија од 55 колку што беа покренати против него.

Од тие 55 обвиненија подигнати во 2016 година, 42 беа за сексуално вознемирување од кои 11 за силување и 2 за обид за силување на малолетни деца.

Скандалот доби нова димензија откако се реши јавно да се огласи еден од неговите поранешени фудбалери, Енди Водвард кој во минатото играше за Бури, Шевилд, Скунтроп и Халифакс кој го откри грозното искуство со овој тренер.

„Тоа беше одамна, но животот ми беше уништен се до 43. година од животот. Се поставува прашање уште колку такви има како мене. Овде зборуваме за стотина дечиња кој Бери Бенеил ги бирал, а кои денес како возрасни луѓе можеби живеат со трауми од тој период. Зборувам за ова гласно и јасно за да им дадам на тие луѓе сила бидејќи знам низ што проживеав. Во фудбалскиот свет се уште е тешко да се проговори околу тоа за што сум свесен“, изјави Водвард.

Бери Бенеил кој од 2016 година е повторно во затвор, преку видеолинк призна дека силувал седум дечиња на возраст од 11 до 14 година, додека останатите обвиненија се уште ги одрекува. Неговото судење наскоро ќе започне, а би требало да трае осум седмици.