Секоја чест мајсторе: Иџе Стефановски со прво место на Нирбургринг!

1017

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, забележа фантастичен резултат на втората трка во Нирбургринг, освојувајќи го првото место!

Стефановски во втората трка имаше уште подобар настап во однос на првото возење, кога го освои второто место на славната патека во Германија.

Иџе втората трка ја стартуваше од седмата позиција, со што е уште поголем неговиот успех. Тој и покрај стартот од оваа позиција, возеше фантастично и на крајот успеа да мине прв низ целта. Среќа за него беше и проблемот на водечкиот Рикли, што Стефановски знаеше да го искористи и да ги израдува сите свои навивачи.

Со ова се завршува извонредниот викенд на Игор Стефановски, со оглед на тоа дека дојде до првиот подиум, а потоа и до првата победа сезонава во ЕТЦЦ шампионатот, со што Иџе освои вкупно 18 бода во Нирбургринг и потврди дека има потенцијал да биде меѓу најдобрите во оваа конкуренција.

loading...