Секогаш мора нешто да им пречи – ПАО се жали на судиите, но и на Антиќ

978

Фенербахче води по првите два меча против Панатинаикос во елиминационата фаза од Евролигата, а Грците бараат било каква причина, да ги засенат резултатите на турскиот претставник.

Но сега, не резултатите, туку за челниците на „детелинките“ им сметал ставот и однесувањето на Македонецот Перо Антиќ, за кого сметаат дека намерно ја провоцирал публиката на мечот во Атина.

Освен жалбата до Евролигата за однесувањето на Перо Антиќ, челниците на Панатинаикос испратиле протесна нота и поради наводно лошата арбитража на судијата.

Познато е дека Антиќ на мечот во Атина, имаше мал вербален дуел со Синглтон, по што публиката збесна, само поради тоа што Антиќ ги поздравил, потег за кој сметаат дека е директна провокација.

Панатинаикос утре гостува во Истанбул, каде ќе се обиде да остане во живот во серијата против очигледно поквалитетниот состав на Фенербахче.