Седум големи ѕвезди му се нудат на Реал Мадрид: Зидан и Роналдо имаат свои фаворити

4150

Оној момент кога Меѓународниот спортски арбитражен суд ја намали казната на Реал Мадрид од два на еден преоден рок за забрана за регистрирање на нови играчи, на „Сантијаго Бернабеу“ зпаочнаа да пристигнуваат понуди од менаџерските агенции.

Шпанскиот портал „АБЦ“ пишува дека наводно пристигнале шест понуди од застапниците на големите ѕвезди. На листата се имињата на Пауло Дибала, Пјер Емерик Обамејанг, Тибо Куртоа, Еден Азар, Деле Али и Андре Силва. Во меѓувреме, „Fichajes.com“ ја дополни листата со уште едно име, станува збор за дефанзивниот играч за врска на Баерн Хави Мартинез.

Реал во овој момент е најзаинтересиран за Дибала, ѕвездата на Јувентус во подем кои италијанските и аргентинските медиуми го прогласуваат за наследник на Лионел Меси. Во моментов веќе се води голема битка за него. Јувентус сака да го продолжи договорот, а на Реал сосема логично тоа не му одговара и наводно го убедува да ја одбие понудата. Причината е сосема јасна, во тој случај, цената би била значително помала, но сеедно Реал тешко ќе го добие за сума помала од 80 милиони евра, бидејќи не постои врвен европски клуб кој не го посакува Аргентинецот во своите редови.

Обамејанг веќе подолго време е на радарот на Реал. „Флертувањето“ помеѓу напаѓачот на Борусија Дортмунд и мадридскиот клуб не е никаква тајна. Обамејанг јавно истакна дека негов сон е да заигра за Реал па се шпекулира дека неговото доаѓање е сосема извесно.

Еден Азар е најголемата желба на тренерот на Реал Зинедин Зидан. По кризата која ја мина под водството на Жозе Мурињо, Белгиецот повторно проигра, па цената му се врати како претходно. Реал тешко ќе успее да го добие Азар за помалку од 90 милиони евра. Тоа е наводно сумата која ја бара Челзи. Ни Куртоа нема да биде многу поевтин, бидејќи Челзи за него наводно бара 65 милиони евра.

Деле Али практично преку ноќ стана голема ѕвезда на англискиот фудбал и како таков ги заинтригира „Кралевите“. Реал има многу големо искуство со Тотенхем така што на Флорентино Перез му е сосема јасно дека Даниел Леви знае да го извлече максимумот од максимумот. Наводно сумата е поставена на минимум 80 милиони евра.

Новата ѕвезда на Порто и португалсиот фудбал Андре Силва има моќен заговорник во Реал, својот сонародник и најголема ѕвезда на Мадриѓаните Кристијано Роналдо. Наводно веќе е постигнат и прелиминарен договор помеѓу клубовите според кој Реал на Порто ќе му плати дури 58 милиони евра.

Хави Мартинез е последното големо име кое се најде на „менито“ на Реал. Шпанецот наводно не е задоволен во Баерн и со задоволство би го напуштил Минхен, каде пристигне од Атлетик Билбао во 2012. година за 40 милиони евра, што е рекорден трансфер на Баерн.