Сега е официјално: Циндриќ потпиша за Кјелце!

1931

Миленикот на навивачите на Вардар, Лука Циндриќ официјално потпиша договор со ланскиот европски првак Кјелце.

Добро во ситуацијата е тоа што трансферот ќе се реализира во 2018 година, односно на крајот од претстојната сезона што значи дека Циндриќ ќе остане во Вардар уште една година. Тој е втор ракометар на “црвено-црните” што ќе се пресели во Кјелце по Алекс Душебаев кој заминува во Полска веќе ова лето.

“Многу сум среќен бидејќи успеавме да обезбедиме играч од светска класа кој својот квалитет го покажа на ФФ во Келн. Мислам дека тој ќе биде легитимен наследник на Урош Зорман и заедно со Деан Бомбач ќе го сочинуваат најдобриот плејмејкерски тандем во светот”, изјави претседателот на Кјелце, Бертус Сервас.

Циндриќ има 24 години, а во Вардар дојде пред две сезони. Заедно со него, Кјелце за сезоната 2018/19 веќе ги обезбеди левото крило од Ла Риоха, Ангел Фернандес Перес и голманот на Адемар Леон, Владимир Цупар.