Сега е веќе јасно: Ферари ќе му каже „Ciao Ragazzi“ на Кими

1174

Претседалот на Ферари, Серхио Маркионе, наговести дека тимот може наскоро да го замени својот втор возач Кими Раиконен, доколку не биде доволно корисен идната сезона.

Триесетосумгодишниот Кими Раиконен е најстариот возач во Формула 1, а во Ферари се врати во 2014 година, од каде претходно освои и титула со тимот од Маранело.

Ветел останува прворангиран возач на италијанската екипа, но во Ферари очигледно веќе немаат трпение со недоволно мотивираниот Кими Раиконен.

Моето лично мислење е дека ако го најдеме вистинскиот клуб, Раиконен може да биде бог. Меѓутоа, мора да го пронајдеме патот до успехот. Тој е многу ладен, како што и го познаваат повеќето. Меѓутоа, во одредени ситуации изгледа како тој да се одмара“.

Ова е веројатно последната сезона за пронаоѓање на тој клуч, ние тоа мора да го направиме. Би била навистина штета да ја напушти Ф1, а да не го покаже целиот свој потенцијал“, смета Маркионе.

Ова меѓу редови можеби најавува дека Ферари веќе размислува за нов возач.