„Северот“ ни е суден: Ако Вардар го помине Малме, оди во Копенхаген

932

Македонскиот првак Вардар ќе игра со Копенхаген во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите ако успее да го помине Малме.

Така одлучи денешната ждрепка во Нион на која “црвено-црните” немаа многу среќа затоа што добија еден од најсилните противници во оваа фаза. Постои можност противник да биде и Жилина, но Копенхаген со едната нога е во следното квалификациско коло бидејќи првиот меч како гостин го доби со 3-1.

Данскиот првак и лани учествуваше во групната фаза од Лигата на шампионите, но во групата со Лестер, Порто и Бриж го освои третото место и продолжи во Лигата Европа. Во него стигна до 1/16-финалето каде беше елиминиран од подоцнежниот финалист Ајакс со вкупен резултат 2-3.