Свирежи, пукнати аркади, кавга… Џошуа ја одбрани титулата (ВИДЕО)

1553

Британскиот боксер Ентони Џошуа ја одбрани титулата во супертешка категорија во верзиите ВБА, ИБФ и ИБО откако синоќа во Кардиф го победи Карлос Такам пред 75 илјади гледачи.

https://www.youtube.com/watch?v=zygFp3EzZ0I

Французинот доби шанса да се бори поради повредата на Кубрат Пулев иако имаше само 12 дена за подготовки. И покрај тоа пруи силен отпор и да не беше одлуката на судијата да ја прекине борбата ќе станеше прв боксер кого Џошуа не го победил со нокаут.

Такам заврши на подот во четвртата рунда по серија брутални удари, но гонгот го спаси. Џошуа му ги пукна двете аркади, но францускиот боксер не се предаде, издржа се и добро се држеше во продолжение од мечот.

Откако судијата одлучи да ја прекине борбата во десеттата рунда, Такам полуде, почна да се расправа со судиите тврдејќи дека не бил во нокдаун, а делуваше и дека има сили да продолжи. Се приклучија и гледачите кои сметаат дека борбата треба да продолжи и со громогласни свирежи ја испратија одлуката. Сепак, судијата беше цврст на својот став и ја прекина борбата, а Такам веднаш по мечот побара реванш со Џошуа.