Сањол открива: Вилтор е виновен за црвениот картон на Зидан

1330

Три циклуси за Светско првенство поминаа, а инцидентот од финалето на Мундијалот во 2006 година уште е актуелен.

Нова димензија на скандалот што го предизвика Зинедин Зидан удирајќи го со глава Марко Матераци, фрли Вили Сањол кој откри нешто што малкумина досега го знаеја. Тој тврди дека виновник за исклучувањето на Зидан е нивниот соиграч Силвен Вилтор.

„Ако Вилтор не ја исфрлеше топката во аут, судијата немаше да ја запре играта и никој немаше да забележи дека се случил таков инцидент”, изјави Сањол, а Емануел Пети, кој на тој Мундијал работеше како телевизиски коментатор објасни дека снимки од ударот на Зидан биле пуштени на големиот семафор на Олимпискиот стадион во Берлин откако судијата ја запрел играта.

Интересно е тоа што во овие 12 години многу лица беа обвинети за она што се случи во Берлин. На “тапет” беше Матераци, потоа судијата, сега и Вилтор. Можеби некогаш некој ќе се сети дека најголем виновник е оној што удри со глава противнички фудбалер.