Сара Митова си замина од Вардар, кариерата ја продолжува во Данска

590

Македонската ракометна репрезентативка Сара Митова повеќе не е дел од екипата на ЖРК Вардар СЦЈС, откако крилото се одлучи да започне интернационална кариера, потпишувајќи едногодишен договор со дански Сондерјиске.

„Сара е многу интересен играч, па веднаш ќе ја приклучиме кон тимот. Доаѓа кај нас, бидејќи нејзиниот репертоар во играта е одличен. Покрај одличните индивидуални квалитети, ќе се обидеме да ја инкорпорираме и во нашиот колектив, изјави Оливера Кецман, тренерот на новата екипа каде ќе настапува Митова.

Митова е четвртата ракометарка која го напушти вториот тим на Вардар. Претходно на истиот чекор се одлучија и Симона Стојановска, Наташа Нолевска и Љупка Белмезова. Митова пред две сезони беше дел и од првиот тим на Вардар, но не успеа да се вклопи во замислите на клубот, кој се обидува секоја сезона да ја освои Лигата на шампионите.