Само на Балканот: Навивачите го претепаа, а сега клубот сака да го суспендира

1469

Фудбалерот на Војводина Никола Трујиќ беше физички нападнат од навивачите на неговиот клуб по поразот од словачки Ружомберок минатата недела во квалификациите за Лигата на Европа, а сега клубот одлучи да го суспендира.

По натпреварот, десетина навивачи на Војводина влезе во соблекувалната на својот тим и физички го нападна Трујиќ кој доби неколку удари во главата.

Трујиќ по инцидентот во Словачка порача дека нема да се врати во Нови Сад и дека повеќе нема да игра за тој клуб. Тој го овластил својот адвокат да ги договори деталите околу раскинот на договорот. Меѓутоа, управата на Војводина не ги прифати тие услови, па му се закануваат со суспензија ако не се приклучи на тренинзите.

„Од тој инцидент го загубивме контактот со Трујиќ. Сите обиди да поразговараме и да најдеме решение за ситуацијата останаа залудни, бидејќи одбива да се јави било кому од клубот. Од неговиот адвокат дознавме дека е исплашен од тоа што му се случи во Словачка и затоа не сака да се врати во Војводина и да продолжи да работи со екипата. Во таквите околности, како единствено решение на спорот, адвокатот ја пренесе подготвеноста на својот клиент да и го прости долгот на Војводина од 4.000 евра, а за возврат да добие раскин на договорот. Бидејќи тоа не го прифативме, ако во меѓувреме не се промени ништо, клубот ќе покрене постапка за суспензија на Никола Трујиќ“, изјави претседателот на Надзорниот одбор на Војводина.