Самарџиски не мрда од Мега Лекс

443

Иако постоеа најави дека Предраг Самарџиски наскоро ќе биде повторно дел од МЗТ Скопје, сепак до тоа нема да дојде.

Самарџиски го продолжи договорот со Мега Лекс, за кои ќе настапува и следната сезона. Договорот е потпишан на само една сезона.

Минатата сезона Пеџа Самарџиски за Мега Лекс бележеше скромни 4 поени по натпревар и 3.2 скокови по натпревар. Во договорот на Самарџиски со Мега Лекс, стои дека доколку добие подобра понуда, може да замине во текот на сезоната.