Сака назад во Европа: Оскар замина во Кина за рекордна сума, па зажали по само 23 дена

8444
SHANGHAI, CHINA - JANUARY 03: Oscar of Shanghai SIPG poses for photos with fans at Pudong International Airport prior to his team's departure to the Doha training camp on January 3, 2017 in Shanghai, China. (Photo by VCG/VCG via Getty Images)

Европа остана шокирана со трансферот на Оскар во КИна. Одличниот 25-годишен Бразилец на 23. декември одлучи да ја напушти водечката екипа во Премиер лигата со цел да стане играч на Шангај СИПГ за неверојатни 70 милиони евра.

Англискиот клуб заработи огромна сума на пари, но одлуката на Оскар не ги разочара само навивачите на Челзи туку и сите фудбалски фанови. Сепак, тоа не спречи неговиот трансфер да стане 10-тиот најскап во историјата.

Меѓутоа, само 23 дена од доаѓањето во Кина една информација одекна како бомба. Оскар, кој се уште не дебитирал за својот нов клуб, наводно им признал на пријателите дека не е задоволен и дека со задоволство би се вратил во Европа, па дури и во Челзи.

Неговото незадоволство беше видливо при пречекот на аеродромот, каде без ниту една насмевка ги потпишуваше автограмите на навивачите, како некој да го натерал со сила да се пресели во Кина. Но, сега англиските медиуми тврдат дека ни милионите на банкарската сметка, како и соработката со тренерот Андре Вилјаш Боаш и сонародникот Хулк не го прават среќен Оскар, кому сега му недостасува највисокото ниво на фудбал кое го играше во Челзи.

Секако, тешко е да се очекува дека Бразилецот ќе успее веќе во следниот преоден рок да го напушти Шангај, но веќе на лето европските великани би можеле да тргнат по него и да ја исправат огромната грешка, која очигледо, многу брзо ја сфати.