Сакаа да го истролаат Роналдо, па излегоа смешни (ФОТО)

1813

Раѓањето на четвртото дете на Кристијано Роналдо предизвика бура коментари низ целиот свет.

Најголем дел му честитаа на Португалецот за зголемувањето на семејството, но имаше и такви кои ја покажаа темната страна од својот карактер. Меѓу нив и администратори на фан-страна на Барселона на ФБ кои во обид да го истролаат, испаднаа смешни.

“Пике по Барса-ПСЖ: Болниците треба да ангажираат уште медицински сестри за девет месеци бидејќи ќе има многу љубов вечерва”.

“Девет месеци и четири дена подоцна: Роналдо доби ќерка”.

Всушност, од тој фамозен натпревар меѓу Барса и ПСЖ не поминаа девет, туку осум месеци и четири дена.