Руска новинарка со страшни обвинувања: Марадона ме злоставуваше и ме избрка од собата

1102

Диего Марадона и во Русија се најде во центарот на вниманието. Имено, легендарниот фудбалер беше почесен гостин на Купот на конфедерациите и заедно со бразилскиот Роналдо го додели трофејот за најдобар играч по финалето помеѓу Германија и Чиле во Санкт Петербург.

Но, тоа не е единственото нешто што Марадона го правел таму, барем според зборовите на новинарката Екатерина Надолскаја, која го обвинува за сексуално злоставување.

Новинарката инаку на синоќа објавените фотографии, заедно со пријателката е насмеана покрај Марадина, но очигледно по позирањето нешто тргнало на лошо.

„Заминав во собата на Марадона да направам интервју, но тој веднаш почна да ме допира да ја става раката под мојот фустан. Давав отпор во неверување. Кога виде дека не попуштам, се обиде да ме смири со 500 евра, а бидејќи ниту тоа не му помогна, сакаше да ме избрка од собата. Сепак, успеав да го повикам обезбедувањето кое ме изведе од собата“, сведочи Надолскаја.

Адвокатот на Марадона само кратко искоментира дека против неговиот клиент не е подигнато никакво обвинение.