Русија официјално суспендирана од Зимски олимписки игри

206

На Русија и е забрането и официјално учеството на ЗОИ во Пјонг-Јанг 2018 година, соопштија денеска од Меѓународниот олимписки комитет.

Русите се исфрлени од ЗОИ поради докази за системски допинг на игрите 2014 година, чиј домаќин беше нивниот град Сочи.

Исто така, ОК на Русија ќе мора да плати обештетување од 15 милиони долари, додека тогашниот министер за спорт е доживотно суспендиран во врска со Олимписките игри до крајот на неговата кариера.

Спак, руски спортисти кои тврдат дека биле чисти како и на ЛОИ, ќе можат да учествуваат под неутрално, олимписко знаме.