Русинката во огромни проблеми: Шарапова не игра ни на Вимблдон

676

Руската тенисерка Марија Шарапова го откажа својот настап и на Вимблдон кој ќе се одржи во периодот од 3 до 16 јули.

Причина за тоа е повредата на бутниот мускул поради кој не игра уште од второто коло на Мастерсот во Рим. Новите проценки се дека таа ќе се врати на терените пред крајот на јули и ќе биде подготвена за американската турнеја која кулминира со УС Опен.

“По деталните прегледи, за жал, нема да можам да настапам на сезоната на трева како што беше предвидено. Ќе продолжам со процесот на заздравување, а следниот турнир на кој ќе настапам е Стенфорд”, објави Шарапова на ФБ.

ВТА турнирот во Стенфорд почнува на 31 јули, а по него следуваат двата Мастерси во Торонто и Синсинати и УС Опен од 28 август. Шарапова се врати на тениските терени пред крајот на април откако претходно 15 месеци беше суспендирана поради користење допинг. На Вимблдон требаше да ги помине квалификациите бидејќи организаторот одби да и даде специјална покана за настап.