Руни како во старите добри времиња, му донесе на Евертон предност на полувреме (Видео)

2029

Вејн Руни летово се врати во редовите на својата прва љубов кога во прашање фудбалот, односно екипата на Евертон. Неговата премиера во дресот на “карамелите“ на стартот од новата сезона во Премиер лигата ја одбележа со гол на дуелот со Стоук Сити.

По одлично упатената долга топка од Левин, Руни беше прецизен, а голманот Батланд немоќен да одбрани, па во продолжението на првото полувреме домаќините успејаа да обезбедат предност пред паузата.

https://www.youtube.com/watch?v=0mUZaLeS5eM