Руни го предупреди Лукаку: Играњето за Манчестер Јунајтед е тест на личноста!

3266

Вејн Руни изјави дека Ромелу Лукаку мора да биде ментално силен за да успее во Манчестер Јунајтед и предупреди дека е потешко да се живее според високите стандарди поставени во клубот за време на владеењето на Сер Алекс Фергусон.

Руни кој е најдобар стрелец во историјата на Јунајтед, смета дека Лукаку има способност да стане голема ѕвезда на Олд Трафорд.

Играњето за Манчестер Јунајтед е голем тест на личноста. Треба да бидеш доволно ментално силен за да го прифатиш предизвикот. Јунајтед фудбалски клуб што бара успех и посветеност Ромелу мора да биде доволно силен да го прифати и се снајде со тој предизвик“.

Ако тој тоа го одработи успешно, тогаш ќе биде ценет. Ако се грижи за работите тогаш тоа ќе биде уште потешко. За среќе Лукауу на Олд Трафорд ги има вистинските луѓе кои можат да го извлечат најдоброто од него” – порача Руни.