Роџер Федерер е тениски бог: Швајцарецот до 20. Гренд Слем титула во кариерата!

475

Роџер Федерер во пет сета славеше во финалето од Австралија Опен над Марин Чилиќ и дојде до рекордната 20-та титула на Гренд Слем турнирите.

Швајцарецот ја одбрани титулата во Мелбурн и така дојде до рекорден број Гренд Слем титули. Федерер по голема борба во пет сета славеше по деветти пат над Марин Чилиќ кој не успеа да дојде до својот втор Гренд Слем трофеј. Популарниот Федекс беше подобар по три часа и три минути игра со 6:2, 6:7 (5), 3:6, 6:3 и 6:1.

Искусниот ас тргна силно на самиот старт од мечот, додека Чилиќ направи почетничка грешка и се повлече. А такво нешто не се прави против Швајцарецот, особено кога е расположен. Наместо агресија на Хрватот, Федерер доби збунет противник и набрзо поведе со 4:0, а кратко потоа го освои и првиот сет.

Марин немаше повеќе што да загуби, сфати дека не смее да игра во грч против играч кој тоа најдобро го користи, па ја ослободи својата рака и се размавна. Веќе во првиот гем го нападна Федерер и му се закани со брејк, кој не го искористи. Вториот сет од финалето беше далеку најнапнат, бидејќи секој гем можеше да заврши на двете страни. Најнапнато беше при 5:4 за Чилиќ кога Федекс со двојна сервис грешка му дозволи на Хрватот сет поен. Но, тој не го искористи тоа. Пропуштената шанса ја надомести со одлична игра во тај-брејк доаѓајќи до израмнување.

Во третиот сет очекувано подобро влезе Хрватот, го мачеше Швајцарецот, но никако не успеваше да го скрши. Сепак, Федерер во шестиот гем дојде до три врзани брејк-топки на грешка на противникот кој одеднаш почна да игра прилично пасивно, што на крајот скапо го чинеше бидејќи и тој сет го загуби.

Секако, во четвртата делница од финалето, Федерер веднаш тргна да ја заврши работатат и да дојде до 20. Гренд Слем титула, така што веднаш му го зеде сервисот на тогаш веќе фрустрираниот и прилично беспомошниот противник. Сепак, дека Федерер не е она што некогаш беше, барем додека Ноле, Рафа, Стен и Енди беа здрави, покажа со серијата грешки со кои му дозволи на Чилиќ да израмни на 3:3, а потоа Хрватот ја искористи третата брејк шанса за целосен пресврт и 5:3. Последниот гем од четвртиот сет беше чиста формалност.

Последниот одлучувачки сет тргна лошо по Чилиќ кој прво испушти една убава шанса, а потоа му дозволи на противникот да му земе сервис и да поведе со 2:0. Борбата продолжи до шестиот гем, кога Федерер повторно го брејкуваше противникот и тоа всушност беше крајот.