Роџер Федерер во епизодата “Кралот е мртов, да живее кралот”

3654

Роџер Федерер никогаш не бил конфликтен тип и немал препукувања со своите колеги, но и не се расфрлал со комплименти за ривалите.

Оттука, интересна е неговата изјава по елиминацијата на Новак
Ѓоковиќ кој вчера попладне остана единствен негов достоен противник за титулата на Вимблдон. Претходно Мареј беше елиминиран од Квери, а во понеделникот и Надал од Милер. Федерер беше нетипично коректен и полн со пофалби кон Ѓоковиќ.

“И на Новак и на Енди им посакувам се најдобро и како ривали и како пријатели. Сакам повторно да бидат здрави. Новак, практично, никогаш порано не припуштил Гренд слем. За него баш не е типично да биде повреден и затоа му посакувам што побрзо да заздрави”, изјави Федерер.

Новак Ѓоковиќ го предаде мечот со Томаш Бердих поради повреда на раката и тоа за него беше уште едно големо разочарување. Од ланскиот триумф на “Ролан Гарос”, тој уште нема титула на Гренд слем турнир.