Роџер е кралот на „Вимблдон“ – без загубен сет до 19 Грен слем титула во кариерата

1528

Швајцарецот Роџер Федерер е нов шампион на Вимблдон, откако денеска во големото финале го порази Марин Чилиќ од Хрватска.

Конечниот исход на натпреварот беше 3:0 (6:3, 6:1, 6:4), Марин Чилиќ очигледно дека не беше целосно подготвен за ова големо финале, поради болките во стапалото, но тој достојно се бореше и на тоа треба да му се честита.

Чилиќ за време на средбата бараше и медицинска помош, откако стана јасно дека не игра комплетно подготвен против големиот мајстор во тенисот. Ова за Федерер е 19. Грен слем титула во кариерата.

Швајцарецот на крајот лесно стигна до победата, и на најдобар можен начин го искористи киксот на останатите тенисери кои беа елиминирани во претходните фази од турнирот.

Ова за Федерер е 8. титула во кариерата на Вимблдон, и покажа уште еднаш дека се работи за најголемиот тенисер на сите времиња во „белиот спорт“.